Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата одзеде порше со тетовски таблици, оти возачот управувал без возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден и ноќ, на подрачјето на СВР Тетово приведени се шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Сите лица управувале возила пред да се стекнат со право за управување, односно без возачка дозвола, при што возилата им се одземени и тоа:

На ул.„Благоја Тоска“ во Тетово во 12:00 и во 12:35 часот биле лишени од слобода се лице(65) од с.Палатица, тетовско и И.Ј.(62) од Тетово, кои управувале мопеди со тетовски регистерски ознаки;

На ул.„Маршал Тито“ во Тетово во 13:45 часот, во присуство на родител бил лишен од слобода 15-годишен малолетник од Тетово, кој управувал мопед со тетовски регистарски таблички;

Во населба Горна Чаршија во Тетово во 00:20 часот, е лишен од слобода лице(26) од с.Требош, тетовско, кој управувал патничко моторно возило „порше“ со тетовски регистарски таблички;

На ул.„Беличица“ во Гостивар во 01:15 часот од слобода бил лишен лице (20) од с.Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко возило „ренџ ровер“ со гостиврарски регистарски таблички и

На ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар во 01:20 часот, е лишен од слобода лице (52) од с. Чегране, гостиварско, кој управувал патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски таблички.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +