Centar.mk
СВЕТ

Израел го нападна Бејрут, најмалку седум мртви

Министерството за здравство на Либан соопшти дека вкупно седум лица се убиени во израелските воздушни напади, пет во Бејрут и две јужно од либанскиот главен град.

„Нападот извршен од израелскиот непријател врз населбата Џна во Бејрут, според првичните проценки, уби пет лица, а рани 21 лице“, се вели во соопштението на министерството.

Исто така, се вели дека во израелскиот воздушен напад „насочен кон возило во областа Халдех, јужно од Бејрут, загинале две лица, а тројца цивили биле ранети“.

Израелската војска денеска соопшти дека извршила два одделни напади насочени кон висок командант на Хезболах и друг висок член на групата поврзана со Иран во областа на Бејрут, но не ги идентификувала ниту потврдила дали се убиени.

Нападите се најнови во ескалирачката израелска офанзива во Либан, во која загинале најмалку 1.200 лица, а 1,2 милиони се раселени.

Либан беше вовлечен во војната на Блискиот Исток откако Хезболах испука ракети кон Израел во солидарност со Техеран, два дена откако Израел и САД го нападнаа Иран.

Нападот на Хезболах предизвика нова израелска копнена и воздушна офанзива./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

C +

Брод со мигранти бегаше од турската крајбрежна стража, па потона: најмалку 18 мртви

C +

„ОАЕ сакаат да го отворат Ормускиот теснец, се подготвуваат за војна“, објави „Волстрит журнал“

C +