Centar.mk
СВЕТ

Иран ја предупредил Бугарија

Бугарското Министерство за надворешни работи потврди дека Иран минатиот месец ја предупредил Бугарија, членка на НАТО, да не им дозволи на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони кои учествуваат во воени операции во Иран.

Информацијата излезе во јавноста откако пратеникот Станислав Балабанов објави нота со датум од 18 март. Во неа, иранската влада протестира поради американски воени авиони-танкери стационирани на бугарскиот аеродром „Васил Левски“.

Во нотата, Иран наведува дека „го задржува правото да преземе сите неопходни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“.

Автентичноста на нотата подоцна ја потврди заменик-министерот за надворешни работи Марин Рајков.

„Бугарија не е во војна“, изјави тој пред новинарите. „Никакви борбени авиони не ја користат Бугарија за учество во воени операции“, додаде Рајков, нагласувајќи дека земјата одржува нормални дипломатски односи со Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: „Иран побара прекин на огнот“; Арагчи: Не побаравме

C +

Зеленски: Нашите пресретнувачи веќе даваат резултати, ја прошируваме воената соработка со Заливот

C +

Си-ен-ен: Трамп може да ја заврши својата војна, а Европа ќе ја плати највисоката цена

C +