Под влијание на циклонска активност, денес и утре ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (денес над 20, а утре над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе бидат од снег. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
Прогноза за 03.04.2026
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Променливо облачно со повремени локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 04.04.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно со повремени сончеви интервали и услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен до силен севеозападен ветер.
Прогноза за 05.04.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 19°C
Променливо облачно со повремени сончеви интервали. Ќе дува засилен до силен севеозападен ветер.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


