Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), информира УХМР.

Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој ќе достигнува и над 70 km/h, особено во североисточните делови.

Пообилни врнежи ќе има и утре (локално над 30 l/m²).

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со локален дожд. Во сабота ќе дува повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Во Скопје, денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни (над 20 l/m2). Од петок времето ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно и потопло.
/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ: Затворањето на РСЕ е загуба за јавниот интерес, потребна е поддршка за независните медиуми

ДЕСК