Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Меѓународен монетарен фонд – важен партнер за економски раст и реформи

Денеска, во Собранието се одржа средба на Комисијата за буџет и финансирање со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, Јуан Хијао и Фатон Сулејмани.

Потпретседателката на Комисијата, Јованка Тренчевска, им посака добредојде и изрази задоволство поради можноста за реализирање на оваа средба. Таа истакна дека ММФ е важен партнер на Република Северна Македонија во справувањето со економската криза и спроведувањето на квалитетни економски и фискални политики и реформи за подобар економски раст, како и за подобрување на животот на граѓаните и условите за развој на стопанството.

Шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинешвили, ги истакна состојбите во стопанството на нашата земја, реформите во јавната администрација и пензискиот систем. Други прашања кои беа разгледани се и изградбата на Коридорот 8 и 10, монетарната политика, капиталните инвестиции, енергетскиот сектор, и воопшто влијанието на кризата врз економијата.

На крајот од средбата, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и понатамошно продлабочување на соработката, со цел успешно справување со економските предизвици и обезбедување стабилен и одржлив економски развој на земјата.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК