Centar.mk
фото Министерство за енергетика
ПРОМОБИЗНИС

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен стартот на подготовките за значаен инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради во Северна Македонија.

На состанокот беа презентирани насоките за изработка на подготвителна студија за енергетска ефикасност, со јасна определба обновата на јавниот градежен фонд да стане еден од клучните државни приоритети. Процесот се реализира во рамки на програмата PEEB Cool, со поддршка од Француската агенција за развој (AFD) и во координација со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и надлежните институции.

Како почетен чекор, беше презентирана листа од 14 приоритетни јавни објекти со вкупна површина од околу 100.000 квадратни метри и проценета вредност за реновирање од околу 11 милиони евра. Ова претставува основа за градење на значително пошироко инвестициско портфолио, со амбиција да достигне најмалку 50 милиони евра.

Во текот на состанокот беше потенцирано дека државата веќе има обврска за годишна обнова на 3% од јавните згради во периодот 2025–2028, со цел до 2028 година да се достигне најмалку 9% обновена површина. Подготвителната студија ќе обезбеди конкретна и применлива основа за следната фаза – детални анализи и реализација на инвестиции.

Фокусот ќе биде ставен на длабински и мерливи резултати. За секој објект ќе треба да се исполнат најмалку два од трите клучни критериуми: најмалку 40% заштеда на енергија, 40% намалување на емисиите на стакленички гасови или 40% заштеда на вода. Дополнително, кај објектите без системи за ладење, ќе се бара и најмалку 20% подобрување на термичкиот комфор.

Со овој процес, државата поставува јасна, технички заснована и инвестициски подготвена рамка за забрзување на обновата на јавните згради, намалување на енергетската потрошувачка и унапредување на условите во јавниот сектор.

фото Министерство за енергетика

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Утврдени нови цени на горивата

ДЕСК