Centar.mk
фото АВМУ
-МАКЕДОНИЈА

Истражувањето на мислењето на јавноста за медиумите во фокусот на јавниот состанок на АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во првиот квартал од 2026 година.

Присутните имаа можност да слушнат повеќе информации поврзани со Повторните локални избори 2026, спроведените програмски и административни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми и онлајн медиуми – интернет портали, информации поврзани со дозволите за радио и ТВ емитување, изработените анализи, како и за активностите поврзани со меѓународната соработка и процесот на европска интеграција.

На состанокот беа презентирани и наодите од Истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите кое беше спроведено во периодот од 27 декември 2025 година до 25 јануари 2026 година, со цел да се добие увид во перцепциите, навиките и ставовите на граѓаните во однос на медиумите и медиумските содржини.

Клучните наоди на истражувањето покажаа дека телевизијата и социјалните мрежи се главни медиуми за информирање, со речиси идентична дневна употреба, интернет порталите се стабилен трет столб, додека радиото и печатените медиуми имаат маргинално влијание врз информирањето. Навиките на гледачите покажуваат висока заситеност со вести, серии и дебатни програми на телевизиите, наспроти јасен недостиг од образовни, културни, документарни, детски и квалитетни домашни играни содржини. Радиото успешно ја задржува улогата на „придружен медиум“, со висока слушаност во утринските часови и доминантно музичка функција. Податоците покажуваат ниско ниво на доверба кај вестите од социјалните медиуми, а значаен е и уделот на граѓани кои немаат доверба во ниту еден медиум. Целото истражување е достапно на веб страната на АВМУ.

фото АВМУ

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК