На 24.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 45-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лица за сума од 3.500 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како вработен во полиција и му понудил да му помогне да ги врати парите – 40.000 евра кои ги инвестирал во странска фирма во која бил вработен, а која претходно престанала да работи. Како што е пријавено, откако не му била завршена работата, се посомневал дека лицето е измамник и пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


