Centar.mk
СВЕТ

Вооружен маж отвори оган во парк полн со луѓе во Литванија

47-годишен маж отвори оган со пушка во парк покрај реката Немунас во Каунас, Литванија.

Полицијата реагираше брзо, а напаѓачот се обиде да ги уништи доказите, фрлајќи дел од оружјето и муницијата во реката, објави „Делфи“. Во домот на осомничениот беа пронајдени повеќе од 30 куршуми, нож и супстанции за кои се сомнева дека се наркотици.

Тој неодамна беше ослободен од затвор, претходно беше осудуван неколку пати и е познат по бегство од затвор пред шест години, пренесува Танјуг.

Сведоци ја опишаа сцената во која мажот мирно ја чистел пушката додека минувачите минувале, а потоа почнал да пука.

Инцидентот се случил во непосредна близина на училиште, градинка, фитнес центар и пешачка патека./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полскиот претседател кај Орбан, владата во Варшава реагира остро

C +

Амбасадата на САД во Ирак ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата

C +

СЗО предупредува на здравствена криза на Блискиот Исток

C +