Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес ја потресе Света Гора во Грција: Пукнатини во зградите, монасите истрчале надвор

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Света Гора во Грција вчера вечер во 21:08 часот по локално време. Потресот предизвикал значителна вознемиреност кај монасите и поклониците и предизвикал материјална штета на манастирските згради.

Пријавени се штети на зградите и во црквата

Во Кареја, административниот центар на Света Гора, се појавиле бројни пукнатини во постарите згради. Во времето на земјотресот, се одржувала служба, а монасите и поклониците истрчале на отворено од страв.

Поклониците кои се нашле во крајбрежните области велат дека земјотресот траел долго време и бил придружен со силен татнеж. Силата на татнежот ја потврдува и видео објавено од грчкиот портал Voria.gr, кое е снимено од надзорна камера, во близина на манастир.

Монаси: „Лустерите се нишаа, има вознемиреност“

„Беше прилично силен земјотрес, почувствувавме дека потресите доаѓаат од долу нагоре. Траеше долго време и нè исплаши. Лустерите се нишаа, а паѓаа и некои мали предмети. Следеа уште неколку земјотреси со пократко траење и помал интензитет. Генерално, има вознемиреност“, изјавија монасите за порталот Voria./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полскиот претседател кај Орбан, владата во Варшава реагира остро

C +

Вооружен маж отвори оган во парк полн со луѓе во Литванија

C +

Амбасадата на САД во Ирак ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата

C +