Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен.

Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број, велат од Министерството.

Согласно податоците добиени од меѓуопштинските центри за социјална работа, заклучно со 25 март 2026 година до 18:00 часот, вкупно се подигнати 2.084 ваучери, при што дневната динамика покажува континуиран интерес и зголемена активност кај граѓаните во сите општини низ државата. Овие податоци потврдуваат дека процесот се реализира ефикасно, без застои и во согласност со предвидената динамика.

Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страница на Министерството.

Граѓаните кои се наоѓаат на списокот можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката.

По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уред.

„Станува збор за финална фаза од постапката по Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполнија предвидените услови.

Со ваучерот, граѓаните добиваат можност за набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Министерството продолжува со интензивна реализација на мерките за поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата“, се додава во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК