Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ирак издаде ново безбедносно предупредување, велејќи дека вооружени групи поврзани со Иран извршиле „широки“ напади врз американски граѓани и објекти поврзани со САД низ целата земја, вклучително и во курдскиот регион.
Амбасадата во соопштението наведува дека ги повикува своите граѓани да го напуштат Ирак и да ја избегнуваат амбасадата во Багдад и генералниот конзулат во Ербил поради постојаниот ризик од ракети, беспилотни летала и ракети.
Беше советувано да се користат копнени патишта кон Јордан, Кувајт, Саудиска Арабија и Турција, бидејќи ирачкиот воздушен простор е сè уште затворен, пренесува Танјуг./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


