Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашното интервју каде најави дека ќе се поведе регионална иницијатива во енергетиката, за што станува збор и дали се работи за некоја нова странска инвестиција, изјави:

„Да, веќе неколку пати имам најавено дека во тек се, во завршна фаза, во почетна или во некоја фаза на реализација се некаде околу седумнаесетина инвестиции коишто треба да креираат до кај пет илјади нови работни места.

А што се однесува до инвестициите во енергетиката и регионалното поврзување, цениме дека тоа е иднината практично за регионот. Бидејќи ако сами настапуваме, се плашам дека нема да бидеме препознаени од инвеститорите. Би рекол сумата којашто ја имаме на располагање во следниве 10 години, е огромна. И ако целиме на 0,01% од таа сума, тоа се отприлика четири трилиони американски долари. Тоа е отприлика четири илјади милијарди во следниве 10 години, коишто регионот ако се обедини може да понуди проекти за да бидат реализирани, ако добро се организираме, се разбира. Тоа е некаде отприлика по четири стотини милијарди годишно, замислете каква трансформација на општествата ќе настане.

Ако имаме предвид дека сите 6 земји од Западен Балкан, коишто се во групата, вкупниот номинален бруто домашен производ им е околу двесте педесет милијарди долари. Значи ова е многу над тоа што претставува вкупен номинален бруто домашен производ, а зборуваме само за 0,01%. Замислете што значи тоа за нашите економии и за нашите граѓани. Мислам дека треба да сме умни како регион, да се поврземе и да покажеме и докажеме дека можеме да соработуваме и дека знаеме да соработуваме и да понудиме заеднички проекти.

Ние се подготвуваме многу озбилно. Дел од тие подготовки се и дел од овие тековни проекти кои веќе се реализираат. Само за напомена, иако дел од опозицијата сакаше проектот на „Алказар“, Ветерниот парк во делот на општините Штип, Радовиш и Карбинци да не успее. Инвестиција вредна од половина милијарда долари, сепак инвеститорот веќе доби градежни дозволи и очекуваме истиот да почне со теренските работи некаде во месец април, после Велигден. Но не само што ќе го работат тој, туку појавуваат интерес и за нов проект, односно продолжување и надградување на истиот. Не случајно во Давос ги споменав Чебрен и Галиште и повторно ги враќаме во игра. Не случајно го спомнав Бошков Мост, се разбира веднаш од дел од невладините организации бев нападнат жестоко. Бидејќи тие поинаку го размислуваат тој проект и начинот на којшто државата треба да се развива.

Но како е да е, сите овие проекти претставуваат дел од можностите коишто ние ги имаме за инвестиција. Тука се и оние гасни електрани коишто ги најавивме претходно со турскиот холдинг „Акса“. Тука е оној гасен интерконектор којшто го градиме со Грција и гасниот интерконектор којшто ќе почнеме да го градиме со Србија. Тука е далноводот 400 кило волтен на висок напон којшто започнуваме, односно го рестартираме, којшто треба да се поврзе Битола со Елбасан, односно со Албанија. И со тоа го заокружуваме генерално нашиот преносен систем на висок напон.

Така што имаме многу проекти коишто се дел од овој план, но јас сум убеден дека, доколку регионално сите се организираме ќе бидеме полесно препознаени од страна на инвеститорите. Ако денеска светот зборува само за вештачка интелигенција, таа вештачка интелигенција не може да функционира без дата центри, а дата центри не може да функционираат без електрична енергија. Така што сите заедно мислам дека треба да целиме кон тоа дел од ова инвестициско портфолио да го привлечеме овдека во регионот.“

На прашањето дали има фидбек од лидерите на другите земји во регионот за оваа идеја, премиерот Мицкоски рече:

„Па од некои да. Но мислам дека сега во Подгорица кога ќе се собереме, кога ќе има Самит, подетално ќе влезам во објаснување на идејата. И мислам дека е добро да се разработи подетално и мислам дека ќе биде атрактивна. И потоа треба да се спушти на оперативно ниво за да можеме да се претставиме пред потенцијалните инвеститори, а верувајте ми има многу. Неколку такви компании запознав на Светскиот бизнис форум во Давос.“

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК

Две лица завршија во затвор – апсења во Тетово

ДЕСК