Дрон кој влегол од Русија експлодирал во источна Латвија, на само 13 километри од границата, соопштија властите.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, а експлозијата била регистрирана во близина на селото Добричин. Според премиерката Евика Силиња, нема повредени лица ниту материјална штета.
На терен веднаш реагирале армијата, полицијата и граничните служби, додека потеклото на дронот се уште се истражува. Во меѓувреме, воведени се ограничувања за воздушниот сообраќај во регионот.
Сличен инцидент е пријавен и во Естонија, каде дрон удрил во електрана, но без последици.
Властите предупредуваат граѓаните да не се приближуваат до остатоци од дронови поради можност од експлозија.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


