Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд.
Утринските температури се движат од околу -1 до 6 степени, при што најстудено е во источните делови, додека во западните и централните региони температурите се нешто повисоки.
Во текот на денот, максималните температури ќе достигнат од 8 до 16 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточниот дел од земјата. Во Скопскиот регион се очекува температура до околу 15 степени, со повремени врнежи од дожд.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


