Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата пукала во воздух во Кавадарци, откако маж се однесувал агресивно и се самоповредил

На 23.03.2026 во 02:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиja од слобода лице(36) од Кавадарци. Претходно било пријавено дека во домот се однесувал агресивно и се обидел да се повреди со остар предмет, а по пристигнување на полициските службеници тој им се заканувал и си нанел повреди.

Притоа, полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух.

Известен бил јавен обвинител, а приведениот бил пренесен во Општа болница Кавадарци. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле две автомобили – еден тешко повреден, возачот на бмв побегнал

ДЕСК

Трагедија на патот кај село Клечовце – излета тико, едно лице почина, друго е повредено

ДЕСК