Најмалку шест лица се повредени во областа на Тел Авив утрово кога остатоци паднаа врз градот по пресретнувањето на иранска ракета, соопшти израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом.
Израелските медиуми, повикувајќи се на началникот на полицијата во Тел Авив, соопштија дека паднала раке што носела боева глава од 100 килограми. Во инцидентот се оштетени неколку згради. Снимките објавени од израелските медиуми, исто така, покажаа возило во пламен по ударот.
Израелската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека пожарникари биле испратени во Тел Авив и изгаснале неколку опожарени возила.
Пожарникарите, исто така, пребарале оштетена зграда во Тел Авив и откриле дека станарите успеале навреме да стигнат до засолништата, што ги заштитило од ударот.
Волонтерската служба за итна медицинска помош „Јунајтед Хацалах“ соопшти дека нејзините екипи за итни случаи биле испратени на неколку локации во регионот по пријавите за паѓање остатоци во пошироката област. На местото на настанот биле испратени и трупи за пребарување и спасување по пријавите за удари.
Маген Дејвид Адом, исто така, изјави дека неколку луѓе биле згрижени од полесни повреди што ги здобиле на пат кон засолништата откако се огласиле сирените./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


