Centar.mk
СВЕТ

Иран почна да им наплаќа на бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец

Иран почна да им наплаќа на бродовите за минување низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас. Дел од комерцијалните бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за наплата“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за минување, според анализата на поморските податоци што ја пренесува Lloyd’s List.

„Најмалку два брода му платиле на Иран за безбеден минување, при што еден надомест изнесува околу 2 милиони долари“, се вели во анализата. Рутата помеѓу иранските острови Кешм и Ларак им овозможува на бродовите да влезат во иранските води за да избегнат безбедносни ризици во остатокот од теснецот.

Според достапните податоци, повеќе од 20 големи бродови досега поминале низ коридорот. Сообраќајот низ Ормускиот теснец останува намален поради конфликтот во регионот, но во последните денови бележи мало закрепнување. Најмалку 16 бродови поминале низ теснецот за краток временски период./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени во Тихиот Океан, нема опасност од цунами

C +

Москва: Нападот на НАТО врз Југославија беше катастрофален удар врз меѓународното право

C +

Трамп тешко ќе се извлече од кризата што сам ја создаде со војната во Иран, пишува Си-eн-eн

C +