Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

На 21.03.2026 во СВР Скопје, лице(44) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од маж, кој потоа го удирал и со кундак од пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, лице(27) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 00:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје, лице(28) од с.Волково, скопско пријави дека во 00:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2026 во 23:50 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода човек(42) од Скопје, затоа што нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 22.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, лице(36) од Скопје пријави дека на 21.03.2026 околу 23:45 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од друго лице. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 22.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(57) од с.Визбегово, скопско, пријави дека на 21.03.2026 околу 22:30 часот во семејната куќа, неколку лица кои му биле соседи, ја скршиле влезната врата и физички го нападнале, а едно од лицата со пиштол го удирал по главата. При тоа, едно од лицата го турнало и малолетниот син на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Две лица пронајдени мртви во своите домови во Скопје – Јавен обвинител нареди обдукции

ДЕСК