Соопштение на СДСМ:
Граѓаните имаат можност да видат како во пракса веќе години наназад функционира организираната криминална група ВМРО, користејќи 40% од медиумите преку Орбан.
Моментално во земјата има сериозна криза. Се очекуваат нови поскапувања.
Работниците не добија зголемување на минималната плата до 600 евра. Наскоро и тоа ќе биде недоволно за преживување.
Владата досега не усвои економски мерки, како сите земји во регионот и Европа, за да не скокнат цените. Овој тренд ќе продолжи и ќе има до синџир на реакција – поскапување на сите животни намирници.
Од друга страна, владата наместо да се грижи за економијата, се занимава со обиди за уривање на СДСМ, единствената неконтролирана опозиција, која секојдневно објавува криминал и корупција на владејачкиот режим, составен од тендер-коалицијата ВМРО-ОКГ и ЗНАМ.
Бидејќи не поминаа разните лажни афери и вести што секојдневно ги пласираат преку своите медиуми, применија тактика на уривање на СДСМ одвнатре.
Прво со Депотовски, па со Шилегов кој ја претстави „Платформата на ВМРО за уривање на СДСМ“ јавно на Телевизија.
Уцени, пари, бизнис… сè нудат на некои поединци, но СДСМ не се тие поединци што години наназад го уриваат угледот на партијата, ставаат кочници во тркалата и намерно работат против својата партија, како вистински квислинзи.
Бидејќи и тоа не успеа, а сега веќе на сите им е јасен историски најнискиот рејтинг на ВМРО (што го знае и самиот режим по анкетата што ја правеа, а не сакаат да ја објават пред јавноста), повторно се вратија на фабрикување вести што служат за ДЕФОКУС од горливите проблеми што се одразуваат на животниот стандард на граѓаните.
За нивна жал, дефокусот повеќе не поминува.
Граѓаните сè гледаат, сè слушаат, а сега и го чувствуваат во своите џебови.
СДСМ има нова енергија, Нова сила. Нас нема да нè запирате, купувате или уценувате.
Тоа до сега треба да ви биде јасно.
Лагите ви помогнаа еднаш кога ги лажевте гласачите за името на државата, за јазикот и националниот идентитет.
Сега сите знаат дека сте лажеле за сè.
Немa да ви помогнат нови лаги, нов дефокус за да избегате од својата одговорност.
Власта ќе се врати во рацете на народот, а не на поединци како сега.
Нам ни треба систем, а не некој лидер што прави бизнис за себе и за своите најблиски.
Таков еднаш веќе имавме – еве го во бегство, во Будимпешта!
Наскоро Македонија повторно ќе биде слободна, на патот кон своето членство во ЕУ, во друштво на вистински демократски и успешни земји, во кругот на европското семејство!
Тоа го заслужува Македонија и сите нејзини граѓани!
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


