Centar.mk
СВЕТ

Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана

Американско-израелските напади врз Иран „значително ќе ескалираат“ оваа недела, рече израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, за време на состанокот со воени претставници, објави „Тајмс оф Израел“.

Според израелскиот весник, Кац изјавил дека Израел „е решен да ја продолжи офанзивата против иранскиот терористички режим, да ги обезглави неговите команданти и да ги попречи неговите стратешки капацитети, сè додека не се отстранат сите безбедносни закани за Државата Израел и американските интереси во регионот“.

„Нема да застанеме сè додека не се постигнат сите воени цели“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес ја стресе Турција

ДЕСК

Шпанскиот премиер повикува на создавање ЕУ војска: „Не за 10 години, туку утре“

C +

Трамп му постави нов ултиматум на Иран

C +