Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, чекањето е околу 40 минути. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

Функционер барал 100.000 евра мито, го фатиле кога требало да добие прва рата од 50.000 евра

ДЕСК

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК