Centar.mk
СВЕТ

Иран испали балистички ракети насочени кон американско-британската база во Индискиот Океан

Иран испали две балистички ракети кон американско-британската база Диего Гарсија, која се наоѓа на четири илјади километри оддалеченост, во средината на Индискиот Океан, објави „Волстрит џурнал“.

Ниту една од двете ракети испукани кон базата не ја погодила целта, но ова е првата употреба на балистички ракети со среден дострел од страна на Иран од почетокот на војната.

Диего Гарсија е една од двете бази што Обединетото Кралство им ги отстапи на САД во петокот за употреба за „специфични одбранбени операции против Иран“, заедно со Ферфорд во Англија.

Станува збор за стратешки исклучително важна база за САД, каде што се стационирани нуклеарни подморници, бомбардери и разорувачи во средината на Индискиот Океан, пишува Франс Прес./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шпанскиот премиер повикува на создавање ЕУ војска: „Не за 10 години, туку утре“

C +

Трамп му постави нов ултиматум на Иран

C +

Турција: НАТО не е должен да им помогне на САД во војната со Иран

C +