Финска е прогласена за најсреќна земја во светот деветта година по ред, по што следат Исланд и Данска, според најновиот Извештај за светска среќа. Нордиските земји повторно доминираат на ранг-листата, но оваа година високо се рангираше и една латиноамериканска земја, објавува CNN.
Според извештајот објавен од Центарот за истражување на благосостојбата на Универзитетот Оксфорд, првите три места ги заземаат Финска, Исланд и Данска. Костарика постигна извонреден резултат на четвртото место, што е највисокото рангирање на латиноамериканска земја во историјата на истражувањето. По неа повторно следат нордиските земји.
10-те најсреќни земји во светот во 2026 година се:
Финска
Исланд
Данска
Костарика
Шведска
Норвешка
Холандија
Израел
Луксембург
Швајцарија
САД се рангираат на 23-то место оваа година, Канада е на 25-то место, а Велика Британија на 29-то место. Ова е втора година по ред што ниту една од главните земји што зборуваат англиски јазик – САД, Нов Зеланд, Ирска, Австралија, Канада и Велика Британија – не се најде меѓу првите десет.
Во однос на регионот, Македонија е на 87. место, Хрватска е на 70-то место, Србија е на 30-то место, Босна и Херцеговина е на 37-мо место, Црна Гора е на 60-то место, а Косово е на високо 16-то место.
За да се утврди рангирањето, глобалната анкета на Галуп ги замолува испитаниците во 147 земји да го оценат својот живот на скала од 0 до 10, при што 10 е најдобриот можен живот, а 0 е најлошиот.
Потоа истражувачите анализираат шест фактори за да ги објаснат разликите меѓу земјите: БДП по глава на жител, очекуван животен век, дарежливост и перцепции за слободата и корупцијата.
Финците го оценија своето задоволство од животот со просечен резултат од 7,764.
Авганистан остана најнесреќната земја во светот, рангирана на 147-мо место. Други земји на дното на листата се Боцвана (143), Зимбабве (144), Малави (145) и Сиера Леоне (146)./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


