Centar.mk
СВЕТ

Зеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракети

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, предупреди дека војната на Блискиот Исток може да доведе до недостиг на ракети клучни за одбраната на Украина, пренесе „Би-Би-Си“.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин има корист од конфликтот, бидејќи се пренасочуваат американските ресурси, а растат и цените на енергенсите.

„За Путин е плус долготраен конфликт во Иран“, изјави Зеленски, додавајќи дека тоа значи исцрпување на американските залихи и производители на противвоздушна одбрана.

Според него, сигурно ќе има недостиг на ракети „Патриот“, што ќе биде сериозен предизвик за Украина. Посочи дека САД произведуваат околу 60 до 65 ракети месечно, додека само првиот ден од конфликтот на Блискиот Исток биле употребени повеќе од 800.

Зеленски исто така повика на подобрување на односите меѓу западните лидери и нагласи дека фокусот мора да остане на Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва

ДЕСК

Иранскиот претседател: 14 милиони Иранци и јас сме подготвени да ги жртвуваме нашите животи

C +

Трамп повторно лаже за својата улога во убиството на Осама бин Ладен

C +