Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Фијаско на протестот на ССМ и СДС, народот ги препозна и им сврте грб на политичките манипулации

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Протестот на ССМ организиран и логистички поддржан од СДС доживеа целосно фијаско, протестот е доказ дека граѓаните не паѓаат на евтини политички сценарија и злоупотреби на СДС.

Синдикалниот протест се покажа како лошо режирана партиска претстава на СДС во кој ССМ послужи како параван за очајните обиди на СДС да проба да се врати во игра. Наместо вистински работници на протестот беа партиски активисти на СДС кои глумеа синдикалци.

СДС да не ја потценува интелигенцијата на народот. Граѓаните јасно ги препознаа манипулациите и го игнорираа политичкиот театар на СДС со што и испратија порака дека ваквиот вид на злоупотреби одамна не поминуваат.

ССМ наместо да биде заштитник на работничките права се претвори во продолжена маша на СДС. Наместо борба за работниците народот ги препозна борбите за функции влијание и лични интереси.

Театарот на СДС и ССМ не е синдикална борба туку политичка злоупотреба каде СДС ги искористи работниците за политички поени и цели додека реалните проблеми на работниците ги стави на маргините.

Врската помеѓу СДС и ССМ е јавна, директна и штетна за работниците. Наспроти лицемерието на СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со конкретни мерки и политики за раст на сите плати, подобрување на животниот стандард и вистинска грижа за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК