Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрово најстудено на Попова Шапка, во текот на денот променливо облачно и посвежо

Утрово се измерени -3 степени на Попова Шапка, 0 степени на Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 во Берово, 3 во Крива Паланка, Претор, 4 во Битола, Прилеп, Виница, 5 Охрид, Тетово, Штип, 6 Куманово, Велес, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и 8 степени во Демир Капија, Гевгелија, соопшти УХМР.

Висината на снежна покривка е 58 сантметри на Попова Шапка, 1 во Крушево.

Денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно, со слаби врнежи од дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК