Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Струга – Претепан и ограбен охриѓанец, заврши во болница

На 18.03.2026 во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ј.М(31) од Скопје и С.К.(30) од Охрид. Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале А.К.С.(52) од Охрид, соопшти МВР.

В.М.(41) од Охрид успеала да го заштити А.К.С. и откако двајцата влегле во незјиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што А.К.С. забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит. Ј.М. и С.К. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.a

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК