Познатата турска инфлуенсерка Ајшеѓул Ераслан е пронајдена мртва во својот дом. Имала 27 години.
Според податоците на локалниот медиум „Созду“, членовите на нејзиното семејство ја повикале полицијата откако таа не им ја отворила вратата.
Медиумите наведуваат дека познатата инфлуенсерка била пронајдена мртва откако се вратила од патување во Египет. Надзорните камери го снимиле актерот Сунај Куртулуш како влегува во нејзиниот стан еден час пред нејзината смрт.
Како што се наведува актерот тврдел дека бил на кратка посета, по што го напуштил станот. Неговите адвокати изјавија дека полицијата го испрашувала како дел од истрагата.
Тие додадоа дека тој соработувал со полицијата од самиот почеток и им ги дал сите потребни изјави, и дека не бил во нејзиниот дом кога таа починала.
„Длабоко сме ожалостени од смртта на Ајшеѓул Ераслан. Се молиме за Божја милост кон неа и изразуваме сочувство до нејзиното семејство, роднините и најблиските“, напишаа тие во соопштението.
Ајшеѓул Ераслан стана позната по учеството во турската модна ревија „Iste benim stilim“ („Ова е мојот стил“).
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


