Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:

Откако целосно ја разоткривме и јавно го објавивме енергетскиот откопод, бизнис мрежата на Мицкоски од Адамовиќ до „Руднап“ ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ од внатре.

Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не им останува ништо друго освен да пробаат да ја рушат СДСМ.

Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на поддршката а има раст на рејтингот на СДСМ.

Затоа ова се случува.

Затоа и постои така наречената „Платформа“ тоа е „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од страна на ВМРО.

Пронаоѓаат уценети лица, нудат пари, вработувања, а на некои и бизнис…преку осигурувања, преку банки, фирми!

Но, ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат.

СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО.

СДСМ за секој еден криминал на власта која бесрамно краде од граѓаните ќе продолжи да ја објавува вистината и со вистината ќе се бори против оваа криминална власт.

Посилни од кога било му дадовме ветување на ВМРО: сите ќе одговараат.

Продолжуваме да ги октриваме сите криминално-коруптивни дејствија на ВМРО и Мицкоски.

Треба да се подготват обвиненија за денот кога ќе дојде слободно обвинителство и судство.

Нема да се занимаваме со уценети луѓе -поединци кои работат или одработуваат токму за таа криминална група.

Во СДСМ имаме договор, а до ВМРО имаме ветување – сите ќе одговарате.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=YR28JZYa7TA

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК