Владата на денешната седница или деновиве најверојатно ќе интервенира во цените на горивата со соодветни мерки дознава Centar.mk.
Една од опциите е времено да се намали ддв од 18% на 10% на горивата.
Исто така деновиве Окта даде попуст од два денари по литар на нивните клиенти, со што дополнително ќе се релаксира цената на горивата.
Бензинот вчера беше покачен за 7 денари, додека нафтата поскапи за 6,5 денари, со што достигна 92 денари за литар.
Цените на горивата почнаа да растат по почнување на војната во Иран и тензиите на Блискиот исток.


