Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Поради спуштање на ладна воздушна маса на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег. Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец. Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во среда ќе дува јужен, а во четврток и петок умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 19.03.2026
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во западните делови со врнежи од повремен снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 20.03.2026
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 21.03.2026
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК