Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Последните анкети покажуваат огромен пад на ВМРО и раст на СДСМ, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека граѓаните веќе ги препознаваат и се разочарани од политиките на власта, за што показател се и последните анкети кои покажуваат сериозен пад на ВМРО, а притоа раст на поддршката за СДСМ.

„Јас нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ, затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт којашто ништо не може да направи да го спречи падот на анкетите кој што е евидентен. Ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ до сега немало, а ние имаме раст. И затоа единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата внатре, за да владеат така како што сакаат да владеат“, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните повеќе нема да бидат изманипулирани од националистичките и коруптивни наративи на ВМРО.

„Јас сум сигурен во една работа, дека на следен циклус на избори ако нешто ВМРО-ДПМНЕ нема да може да направи тоа е да повторно ги излаже граѓаните и да ги продадат повторно суровиот национализам и криминални корупциски тенденции во некаква скриена форма, како некоја форма на патриотизам. Тоа веќе не поминува, јасно им е на граѓаните што прават.“

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=wH71XTEpyWw&t=3s

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК