Centar.mk
СВЕТ

Израел тврди дека го ликвидирал Али Ларијани, Иран најавува негова порака

Израел тврди дека во синоќешниот напад врз Техеран бил цел на напад Али Ларијани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, и дека е убиен.

Во исто време, иранските агенции Тасним и Мехр објавија дека Ларијани наскоро ќе објави порака, што ја доведува во прашање информацијата за неговата смрт.

Израелски воен извор потврдил за Би-Би-Си дека Ларијани бил цел на нападот.

Во истиот напад, според израелските тврдења, убиен е и Голам Реза Солејмани, поранешен командант на Басиж.

Израелската војска соопшти дека десетици борбени авиони извршиле напади врз Техеран, Шираз и Табриз, при што биле погодени командни центри, складишта за оружје, дронови и системи за противвоздушна одбрана.

Али Ларијани е еден од највлијателните ирански политичари, поранешен претседател на парламентот и клучна фигура во безбедносните и нуклеарните политики на земјата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Пази да не бидеш елиминиран“: Лариџани му се закани на Трамп неколку дена пред нападот

C +

Амбасадорот на Иран тврди: „Планот на Трамп не успеа“

C +

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа

C +