Финскиот претседател Александар Стаб го бранеше британскиот премиер Кир Стармер поради критиките од Доналд Трамп за конфликтот во Иран. Во разговор за Би-би-си, Стаб рече дека му се восхитува на Стармер и рече дека „никогаш не ја потценил“ способноста на британскиот премиер да „остане смирен“.
Финскиот претседател додаде дека многу меѓународни лидери имаат „добри и лоши денови“ со Трамп.
Трамп рече дека „не е задоволен“ од Велика Британија откако Стармер рече дека нема да биде вовлечен во „поширока војна“ околу Иран.
Неговата критика се однесува и на сојузниците, кои сè уште не кажале дали ќе им помогнат на САД во Ормускиот теснец.
Стаб: Сакаме медијација, а не ескалација
Кога беше прашан дали сојузниците на НАТО, вклучувајќи ја и Финска, треба да се приклучат на САД, Стаб одговори: „Тоа беше изненадувачки напад, па никој од нас не знаеше за тоа, па веројатно имаше одредено двоумење и малку отпор.“
„Мораме да се грижиме за сопствениот двор – имаме граница од 1.340 километри со Русија… Немаме многу да понудиме. Немаме бази или нешто слично. Она што би сакал да видам сега е повеќе мировно посредување, а не ескалација на ситуацијата“, објасни тој.
Коментирајќи го укинувањето на некои санкции од страна на САД врз Русија, Стаб отсечно рече: „Не ми се допаѓа.“/Извор:Makfax


