Centar.mk
СВЕТ

Трамп не сака да ја запре војната и да склучи договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во моментов не е подготвен да склучи договор за завршување на војната со Иран, пренесе ДПА.

„Иран сака да склучи договор, а јас не сакам да го склучам бидејќи условите сè уште не се доволно добри“, изјави Трамп за Ен-Би-Си Њуз (NBC News) во сношти објавената изјава.

Запрашан за условите што треба да се исполнат, тој одговори: „Не сакам да ви го кажам тоа“, пренесе германската агенција.

Трамп потврди дека во секој договор тој ќе бара од Иран да се откаже од сите нуклеарни амбиции.

Високи ирански претставници јавно не посочија дека се подготвени да преговараат за договор за завршување на конфликтот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Соборените американски авиони ја доведоа во прашање воздушната доминација на Трамп

C +

Француски товарен брод помина низ Ормускиот теснец под иранска контрола

C +

Секој шести Германец откажува или одложува патување поради војната и кризата во светот

C +