Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа во фабрика во Охрид: 41 годишна работничка итно пренесена на скопските клиники со сериозни повреди

На 13.03.2026 година во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена М.Д.(41) од Охрид. Од преземените мерки, констатирано е дека М.Д. повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид а потоа,поради сериозноста на повредите, префрлена на клиниката во Скопје.

СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за расветлување на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК