Centar.mk
Uncategorized

Премиерот Мицкоски утре во посета на Кочани

Утре о 11:45 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Општина Кочани каде ќе даде изјава за медиуми, соопшти Владата.

Потоа, ќе изврши увид во градежни работи на мост на Кочанска Река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“, како и увид во градежни работи при изградба на дел од потисен цевковод од јазол до изливен базен на препумпна станица од водоводниот систем.

Можеби ќе ве интересира

Ќе му тргне со пари: Втората половина од март носи прилив за еден хороскопски знак

ДЕСК

Полицијата во потрага: Непознат сторител украл производи од маркет во Тетово

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во Скопје – украл чанта со пари од жена на автобуска постојка

ДЕСК