Centar.mk
СВЕТ

Г7 ќе ја испита можноста за придружба на бродови во Персискиот Залив

Лидерите на групата земји од Г7 – САД, Канада, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија и Франција – се согласија да ја истражат можноста за обезбедување придружба на бродовите за да им се овозможи слободно да се движат во Персискиот Залив, се вели во соопштението на Г7.

Соопштението дојде откако францускиот претседател Емануел Макрон свика телефонски состанок со лидерите на Г7 за да разговараат за војната меѓу САД и Израел против Иран и нејзиното влијание врз зголемувањето на цените на енергијата.

„Во овој поглед, формирана е работна група за да ја истражи можноста за придружба на бродови кога ќе бидат исполнети соодветни безбедносни услови, а тоа ќе се направи со пристап до превозни компании, транспортни компании и осигурители“, се вели во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Соборените американски авиони ја доведоа во прашање воздушната доминација на Трамп

C +

Француски товарен брод помина низ Ормускиот теснец под иранска контрола

C +

Секој шести Германец откажува или одложува патување поради војната и кризата во светот

C +