Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

Божиновска-Гордеева: Енергетската ефикасност ќе донесе директни придобивки за граѓаните и државата 

Соопштение на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини – интегрален текст:

Енергетската ефикасност беше во фокусот на средбата која што денеска ја оствари министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со делегација на ЕБОР во земјава. На средбата присуствуваа претставникот на ЕБОР во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу и директорката на Одделот на ЕБОР за инфраструктура во Европа, Елена Гордеева. 

Главниот акцент на средбата беше ставен на реализацијата на енергетската ефикасност кај јавни објекти во државава, што ќе придонесе кон стабилен и одржлив енергетски систем. 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството во однос на поскора реализација на обврските според коишто, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како што нагласи министерката Божиновска, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

Реализацијата на енергетската ефикасност претставува крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, подобри услови во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови– со директни придобивки за граѓаните и државата.

 

 

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК