Centar.mk
СВЕТ

Технолошките гиганти на удар: Иран објави листа на нови цели во регионот

Иран објави список на потенцијални цели на кој се наоѓаат канцеларии и имот на големи американски технолошки компании кои работат на Блискиот Исток, јавија иранските државни медиуми.

Списокот, објавен од државната новинска агенција Тасним под наслов „Нови ирански цели“, опфаќа регионални канцеларии, како и дата-центри, „клауд“ и развојни центри на големи американски технолошки компании.

Во објавата се наведува дека како што се шири регионалната војна и се претвора во конфликт за инфраструктура, така се проширува и кругот на „легитимни ирански цели“.

На списокот се споменуваат канцеларии поврзани со компаниите Гугл, Амазон, Мајкрософт, Нвидија, Ај-Би-Ем, Оракл и Палантир во Израел и во други делови од регионот, вклучително и Дубаи и Абу Даби.

Според државните медиуми, минатата недела Иран извел напад со дрон врз дата-центар на Амазон во Бахреин, а ирански беспилотни летала погодиле и две постројки на Амазон во Обединетите Арапски Емирати./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италија се дистанцира: Мелони вели дека земјата нема да учествува во војната во Иран

C +

Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели

C +

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи

C +