Centar.mk
СВЕТ

Со ракетите „Сторм Шедоу“ нападната фабрика во Русија: шестмина мртви, 37 повредени

Украинските сили вчера нападнаа фабрика во рускиот регион Брјанск, која произведува системи за водење руски ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на онлајн брифинг.

„Успешно е извршена операција, погодена е фабрика во Брјанск. Оваа фабрика произведува системи за водење на сите видови ракети на Руската Федерација“, рече Зеленски, додавајќи дека за нападот бил информиран од врховниот командант на украинските вооружени сили, Александар Сирски.

Генералштабот на Украина објави дека цел на нападот била фабриката Кремниј Ел, голем руски производител на микроелектроника во Брјанск. Нападот бил извршен со крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ лансирани од воздух. Регионалните руски власти го потврдија нападот врз индустриската инфраструктура на градот и пријавија штета по експлозиите.

Захарова: Ќе доставиме информации до ОН

Според најновите податоци од руските власти, шест лица загинаа, а 37 се повредени во ракетниот напад врз Брјанск.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави дека руската постојана мисија ќе достави информации за ракетниот напад до Обединетите нации.

„Киевскиот режим намерно го таргетираше цивилното население. Секретаријатот на ОН, кој редовно коментира за ситуацијата поврзана со украинската криза, не може, а да не го види ова. Не може, а да не го види бројот на убиени и ранети цивили“, рече дипломатот.

„Руската постојана мисија сигурно ќе ги достави овие информации до Обединетите нации. Дали е можно генералниот секретар и неговите претставници повторно да молчат?“, се запраша таа.

Украинскиот Генералштаб изјави дека нападот бил „дел од систематските напори за намалување на воено-економскиот потенцијал на рускиот агресор“, додавајќи дека „целта била погодена и евидентирана значителна штета во производствените погони“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италија се дистанцира: Мелони вели дека земјата нема да учествува во војната во Иран

C +

Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели

C +

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи

C +