Centar.mk
фото: Самсунг
ПРОМОБИЗНИС

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави дека Galaxy S26 серијата и Galaxy Buds4 серијата се достапни во Северна Македонија. Како трета генерација уреди со вештачка интелигенција на Самсунг (“Samsung“), уредите Galaxy S26 Ultra, Galaxy S26+ и Galaxy S26 овозможуваат најинтуитивно и проактивно Galaxy AI[i] искуство досега, помагајќи им на корисниците да постигнат повеќе во помалку чекори. По глобалниот настан за претставување на уредите “Galaxy Unpacked“, новолансираната Galaxy S26 серија предизвика исклучителна побарувачка во периодот на нарачки, со бројки во претпродажбата кои ги надминуваат претходните рекорди и бележат двоцифрен пораст. Премиум моделот Galaxy S26 Ultra брзо се издвои како најистакнат модел, избран од повеќе од 70% од корисниците ширум светот во периодот на претпродажба.

Во Европа, серијата Galaxy S26 ги надмина бројките за претпродажба на годишно ниво (YoY) уште од самото објавување. Galaxy S26 Ultra забележа пораст на нарачки од 20% на годишно ниво ширум Европа, а исто така бележи и зголемување од 10% во уделот на нарачки во споредба со 2025 година.

 

Galaxy S26 Ultra: Онаму каде што иновацијата предводи

Galaxy S26 Ultra ги обединува најнапредните иновации на “Samsung“ во еден уред – моќен перформанс, водечки систем камери во индустријата, напредна интуитивна Galaxy AI вештачка интелигенција и првиот во свет уред со вграден Privacy Display[ii] екран.

Privacy Display екранот, кој доби плеада пофалби уште од неговото претставување, е пресвртница во технологијата на екрани што фундаментално го менува начинот на кој приватноста може да се заштити на самиот телефон на ниво на пиксели. Дизајниран за секојдневни ситуации, хардверот и софтверот работат како едно, за да ја заштитат приватноста без да го компромитираат секојдневното искуство на гледање

Создаден за целодневни перформанси, Galaxy S26 Ultra ги испорачува најмоќните перформанси во Galaxy S серијата досега, напојуван од прилагоден мобилен процесор, Snapdragon® 8 Elite Gen 5 Mobile Platform за Galaxy[iii], со значителни подобрувања[iv] кај централната процесорска единица (CPU), графичката процесорска единица (GPU) и невралната процесорска единица (NPU), за да овозможи побрзо, поглатко корисничко искуство во текот на денот.

Galaxy S26 Ultra исто така го има и најинтуитивното и најпријателското корисничко искуство на “Samsung“ со вештачка интелигенција до сега. Функциите како “Now Nudge”[v], овозможуваат проактивни и релевантни сугестии базирани на свесност за контекстот, додека Now Brief[vi] прикажува навремени потсетници за важни настани. Изборот на агенти[vii] исто така им помага на корисниците да ги завршат активностите поедноставно, со притискање на едно копче или со гласовни насоки.

Galaxy S26 Ultra се надоврзува на водечкиот во индустријата, систем на камери на “Samsung“ беспрекорно интегрирајќи го креирањето, уредувањето и споделувањето во еден интуитивен работен процес. Функцијата Nightography Video [viii] придонесува кон креирање живописни снимки дури и при слаба осветленост, а “SuperSteady” [ix] функцијата пристигнува со нова опција за хоризонтално заклучување за поголема стабилност, дури и при динамично движење. Уредувањето е подеднакво едноставно и лесно. Со надградената функција “Photo Assist”[x], корисниците може да ги усовршат фотографиите и да ја изразат нивната креативност едноставно со опишување на она што го сакаат со сопствени зборови, додека “Creative Studiо”[xi] им овозможува на корисниците едноставно да ги претворат нивните идеи во средени визуелни решенија – од налепници (stickers) и покани, до персонализирани позадини.

 

Galaxy Buds4 Серија: Супериорен Hi-Fi звук и ергономски дизајн

Корисниците може да ги збогатат можностите на Galaxy S26 со новата Galaxy Buds4 серија која ги интегрира најнапредните аудио и иновации во сегментот уреди за носење на “Samsung“, заедно во едно беспрекорно искуство. Galaxy Buds4 Pro и Galaxy Buds4 носат супериорен hi-fi звук и секојдневна носивост за да го достигнат најдоброто искуство при слушањето ширум Galaxy Buds сериите досега. Buds4 серијата воспоставува нов култен “blade“ дизајн со гравирана контрола со притискање (pinch control)[xii] и ултра-глатко ергономско прилегање, постигнато со анализирање на стотици милиони податоци за слушање и реализирање на преку 10.000 симулации[xiii] за да се оптимизираат за целодневно носење и удобност. Моќните хардверски и софтверски иновации на Buds4 Pro како поширок вуфер, напреден Адаптивен Еквилајзер (Adaptive Equalizer) и Активно поништување на бучава (Active Noise Cancellation)[xiv] овозможуваат богат звук со полн спектар, верен на оригиналната снимка. Со интеграција на неколку агенти за вештачка интелигенција[xv] и интуитивни контроли без допир (hands-free), Buds4 серијата станува природен придружник на Galaxy S26, проширувајќи ги секојдневните искуства надвор од самиот телефон.

 

Започнувајќи од денес, 11 март 2026 година, Galaxy S26 серијата е достапна за купување во Северна Македонија преку продажните партнери на “Samsung“ и преку официјалната страна на “Samsung“. Серијата Galaxy S26 се одликува со обединет дизајнерски јазик кај сите модели, достапни во виолетова, бела, црна и небесно сина боја[xvi]. Серијата Galaxy Buds4 е достапна во два модела – Galaxy Buds4 и Galaxy Buds4 Pro, со препознатливи бои – бела и црна со рафинирана мат завршница.

За сите информации и детали за новата Galaxy S26 серија и за Galaxy Buds4 серијата, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk.

[i] За  употреба на одредени AI функции може да е потребна пријава на Samsung кориснички профил. Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI функциите. Достапноста на функциите Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот.

[ii] Првиот во свет, вграден екран за приватност на паметен телефон. Функцијата мора да се активира во поставки. Privacy Display функцијата го контролира опсегот на гледање на екранот за да ја лимитира периферната визија. Одреден степен на промени во квалитетот на сликата може да се јаван надвор од полето на гледање. Кога функцијата е активирана, некои информации сѐ уште може да се видливи на останатите во зависност од средината на гледање, како агол или осветленост. Се препорачува внимание при откривање на сензитивни информации.

[iii] Snapdragon брендираните продукти се продукти во сопственост на “Qualcomm Technologies, Inc“. и/или нејзините подружници. Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на “Qualcomm Incorporated“.

[iv] AP подобрување на перформансот во споредба со Galaxy S25 Ultra. Вистинскиот перформанс ќе зависи од корисничката средина, условите, однапред инсталираниот софтвер и апликации.

[v] За функцијата Now Nudge потребна е најава на Samsung Account. Достапните функции и карактеристики може да варираат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Текстуалните предлози се достапни со одредени апликации за пораки од трети страни, вклучувајќи ги: Samsung Messages, Google Messages, Google Chat, WhatsApp, WhatsApp Business, KakaoTalk, LINE, Signal, Instagram (DM), Tango, NTT Docomo Messages и KDDI Messages. Споделувањето фотографии во Now Nudge работи преку анализа на достапната содржина на сликите. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[vi] За функцијата Now Brief е потребно најавување на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уред, апликациите. За одредени функции може да биде потребно мрежно поврзување. Описот на фотографиите дадени по моменти можеби не е во согласност со намерата на корисникот. За известувањата за прошетка на куче треба да се активирани SmartTag2 и Pet Care во SmartThings. SmartTag2 се продава одделно. Известувањата мора да бидат вклучени за да се користат како преземени податоци. Преземените податоци достапни преку известувања од поддржани апликации, Messages, Gmail и Samsung Wallet и собраните податоци од Gmail се применливи само доколку корисникот даде согласност за дозволата на Personal Data Intelligence за читање на Gmail. Преземените податоци за деталите за резервацијата се достапни само од пораките за потврда на резервацијата.

[vii] Достапноста може да варира во зависност од регионот/земјата и јазикот.

[viii] Резултатите може да се разликуваат во зависност од осветленоста и условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.

[ix] Резултатите од Super Steady може да варираат во зависност од начинот на уредување и/или условите на снимање.

[x] За Photo Assist може да биде потребна мрежна врска и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Photo Assist може да резултира со промена на големината на фотографијата. При зачувувањето, врз излезната слика се додава видлив воден печат за да се укаже дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и сигурноста на генерираниот резултат не се загарантирани.

[xi] Функцијата Creative Studio бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Точноста и сигурноста на генерираниот резултат не се загарантирани.

[xii] Galaxy слушалките може да се поврзат како Bluetooth Audio без разлика на оперативниот систем, но за да се конфигурираат напредните поставки на апликацијата Galaxy Wearable, Galaxy слушалките мора да бидат поврзани со смартфон со оперативен систем Android 10.0 или понова верзија и минимум 1,5GB меморија. Напредните поставки во Galaxy Wearable апликацијата вклучуваат Noise Control, Adaptive EQ, Pinch Control и софтверски надградби. Некои функции се достапни само на компатибилни Samsung Galaxy паметни телефони. Android е заштитена трговска марка на Google LLC.

[xiii]  Врз основа на глобално истражување на податоци за слух спроведено од Samsung Design Innovation Center.

[xiv] Достапно на Galaxy Buds4.

[xv] За AI функциите е потребен компатибилен Samsung Galaxy телефон.

[xvi] Достапноста може да варира во зависност од земјата, регионот или продажниот партнер. Достапноста на боите може да варира во зависност од земјата или продажниот партнер.

фото Самсунг

Можеби ќе ве интересира

Нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

ДЕСК

Енергетската транзиција забрзува: Средба Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

ДЕСК

70 години Витаминка – вкусот што ги поврзува генерациите

ДЕСК