Centar.mk
фото скриншот/јутуб/Влада
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучивте Ненад Савевски, да биде ваш избор за државен јавен обвинител во Македонија, изјави:

„Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски, може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител.

Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она кое што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно да не речам одличен нов државен јавен обвинител“, истакна премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК