Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

На денешната редовна седница, Владата го разгледа мислењето на Советот на Јавното обвинителство во однос на постапката за избор на нов државен јавен обвинител. По сеопфатна, аргументирана и конструктивна дискусија, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за избор на Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител.

Владата се раководеше од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. Ненад Савевски е судија во Кривичниот суд, во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда.

Во рамки на своја долгогодишна кариера и образовно портфолио, Ненад Савевски e магистер по правни науки област казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со положен Правосуден испит. Неговото професионално искуство е богато, во моментов е судија во Основен кривичен суд Скопје во оддел за организиран криминал и корупција. Бил Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство.

Поседува и експертски и меѓународни ангажмани како експерт во ОБСЕ Македонија, експерт во Националната конвенција за ЕУ – Поглавје 23, бил член на работни групи за судски и законски реформи, експерт во проекти на Совет на Европа, ОБСЕ, УСАИД, работел на проекти за посебни истражни мерки, притвор и кривична постапка.

Во делот на академската и едукативната работа тој е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, обучувач е за човекови права и кривично право и има соодветни публикации и е автор и коавтор на повеќе трудови.

Од сѐ ова може да се заклучи дека тој има учествувано во различни процеси и активности поврзани со унапредување на функционирањето на правосудниот систем, како и во иницијативи кои биле насочени кон зајакнување на институционалниот капацитет, транспарентноста и ефикасноста на правосудните институции.

Покрај домашното професионално искуство, Ненад Савевски во својата кариера има остварено соработка со релевантни национални и меѓународни институции, како и организации, придонесувајќи кон размена на добри практики и усогласување на стандардите на правосудниот систем со современи европски принципи на владеење на правото.

Во текот на расправата беше нагласено дека изборот на државен јавен обвинител претставува прашање од исклучителна важност за кредибилитетот на целокупниот правосуден систем. Токму затоа, пристапуваме кон процесот со особена внимателност и одговорност, имајќи ја предвид потребата од професионализација и зајакнување на независноста на Јавното обвинителство, како и натамошно унапредување на ефикасноста во спроведувањето на законите.

Предлогот кој Владата го упатува до Собранието се темели на стручни оценки и мислења доставени од Советот на јавни обвинители, како и на внимателна анализа на професионалниот интегритет, искуство и досегашни резултати на кандидатот. Во таа насока, се оцени дека предложениот кандидат ги поседува потребните професионални и лични квалитети.

Владата смета дека предложениот кандидат ќе придонесе кон зајакнување на институционалниот капацитет, унапредување на професионалните стандарди и зацврстување на довербата на јавноста.

Со оваа одлука, Владата уште еднаш ја потврдува својата цврста определба за почитување на институционалните процедури, заштита на независноста на правосудниот систем и доследна поддршка на реформските процеси.

Можеби ќе ве интересира

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25 проценти од предвидените за 2026 година

C +