Centar.mk
СВЕТ

Украина доби само 600 ракети „Патриот“ за четири години војна

Украина доби само околу 600 напредни пресретнувачки ракети „Патриот“ за време на целата руска инвазија, и покрај тоа што во голема мера се потпираше на системот за одбрана од руски балистички ракети насочени кон инфраструктура и цивилни цели.

Оваа информација ја открија украинските власти, а ја потврди Дмитро Литвин, советник на претседателот Володимир Зеленски, кој рече дека Киев добил околу толку пресретнувачки ракети во текот на четирите години од војната, објавува „Киев пост“.

Поради постојаните големи руски ракетни напади врз градовите и клучната инфраструктура, Украина постојано ги повикуваше западните партнери да ѝ обезбедат дополнителни системи „Патриот“ и придружни ракети. Системот „Патриот“ е еден од ретките системи за воздушна одбрана што може сигурно да пресретне напредни балистички ракети како оние што ги користи Русија во нападите на украинска територија.

Ракетите „Патриот“ се скапи и се произведуваат во релативно мали серии, при што цената на еден пресретнувач надминува три милиони долари. Според извештаите, глобалните залихи на овие ракети се ограничени.

Само околу 620 од најнапредните пресретнувачки ракети беа испорачани на војските ширум светот во 2025 година, што е рекордно ниво на производство. Во исто време, побарувачката за системот драстично се зголеми поради ескалацијата на конфликтите низ целиот свет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +