Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 11 без возачка дозвола, од кои еден малолетник, девет управувале возило по дејство на алкохол и три со активна забрана

Во саботата на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, девет за управување на возило под дејство на алкохол и еден за возење и покрај тоа што имал активна забрана. Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Тетово – седум, на подрачјето на СВР Куманово – пет, по три на на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип, по два СВР Велес и СВР Битола и еден на подрачјето на СВР Струмица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК