Centar.mk
СВЕТ

Експлозиja на небото над Германија: трага од светлина и силен тресок ги вознемири граѓаните, пријавени штети на куќи

Влегувањето на метеоритот во атмосферата на Земјата беше видливо ноќеска во големи делови од западна и централна Германија, а многу граѓани пријавија силен експлозивен звук.

Според првите информации, метеорот влегол во атмосферата пред околу еден час, оставајќи зад себе блескава трага на небото што можеа да ја видат жителите на неколку германски региони.

На многу места, граѓаните изјавија дека слушнале и силен тресок, што укажува дека имало експлозија на метеорит во атмосферата, позната како таканаречен воздушен удар.

Видеата од овој необичен феномен наскоро почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Експертите истакнуваат дека во повеќето случаи, метеоритите се распаѓаат во атмосферата пред да стигнат до површината на Земјата.

Според полицијата, делови од метеоритот предизвикале штети на покривите и куќите во Рајнска област-Пфалц. Пријави за штети пристигнале од Хунсрик, Ајфел и Кобленц, објавува „Билд“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура

C +

Кина и САД се сретнаа на Хаваи: сакаат да го намалат ризикот од воен конфликт

C +

Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

C +