Centar.mk
СВЕТ

Израел се закани дека ќе ги таргетира и наследниците на Хамнеи

Израелската војска предупреди дека ќе продолжи да го прогонува секој што ќе се обиде да го наследи убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Во објава на платформата Икс, на профилот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), се наведува дека иранското Собрание на експерти, кое не се состанувало со децении, наскоро ќе се состане во градот Ком.

„Иранското Собрание на експерти, кое не се состанувало со децении, наскоро ќе се состане во градот Ком. Сакаме да ви порачаме дека раката на Државата Израел ќе продолжи да го прогонува секој наследник и секое лице што ќе се обиде да именува наследник“, се наведува во објавата.

„Ги предупредуваме сите кои имаат намера да учествуваат на состанокот за избор на наследник дека нема да се двоумиме и вас да ве ставиме на мета. Ова е предупредување“, додаваат од израелската војска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман

ДЕСК

Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

C +

Погодена рафинерија во Израел

C +